Кавадаречката полиција лани евидентирала помалку кривични дела, а повеќе сообраќајни прекршоци
Информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за првото полугодие од минатата година, изготвена од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци денеска се најде пред советниците на кавадаречкиот совет.
Во неа се наведува оценка дека состојбата во извештајниот период била стабилна и добра. Во однос на истиот период на 2012 година кај криминалитетот се бележи намалување на вкупниот број регистрирани кривични дела и тоа за 12%, наспроти зголемениот број на прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот. Значително намалување имало кај прекршоците од јавен ред и мир.
Беа донесени повеќе програми и одлуки кои се однесуваат на работењето на локалната самоуправа и неколку одлуки за трансфер на финансиски средства за бесплатниот превоз на граѓаните, за канцеларија на пратеник, за поддршка на Здружението „Полски чувари“ и за поддршка на невладини организации.
Опозицијата гласаше против одобрување на нови средства за здружението „Полски чувари“. Според советникот Горан Белевски истото требало да се финансира со пари од државниот, а не од општинскиот буџет./А.Д