Стивнува грипот во Кавадарци!
Се смирува состојбата со ширењето на грипот во Кавадарци, град кој годинава во земјава имаше најголем број на заболени од ова вирусно заболување. Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека последната недела се евидентирани само 125 нови случаи.
„ Со последните случаи на заболени од грип оваа сезона вкупниот број се искачи на 3040 грипозни лица. Бројот на наови заболени почна да опаѓа што значи дека се намалува и циркулацијата на вирусот. Годинава Кавадарци имаше најголем број болни. ВО една недела имавме регистрирано и над 600 заболени, но сега имаме драстично намалување на нови заболени“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Лекарите велат дека и во наредниот период состојбата ќе се смирува, бидејќи временските прилики ќе помогнат за намалување на грипот. Тие додаваат дека наскоро ќе започне сезоната на алергии кои се почесто им причинуваат проблеми на граѓаните./A.Д