Во Кавадарци и Неготино се реализираат бесплатни здравствени прегледи
Три дена кавадарчани и неготинци можат да го исконтролираат своето здравје во рамки на превентивните здравствени акции под мотото „Здравје за сите“. Медицински пунктови се поставени на градските плоштади во Кавадарци и Неготино, од здравствените домови. Се мери крвен притисок, шеќер и масти во крвта.
„Голем е интересот кај кавадарчани да си го проверат своето здравје. Најчести пациенти се постарите лица на кои им проверуваме крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол и слично. Сите оние кај кои се забележуваат проблеми ги упатуваме на дополнителни медицински прегледи“ рече началникот на итната медицинска помош во Кавадарци, д-р Антоан Паракеов.
Како што информираше тој, овие прегледи се традиционални секоја пролет, согласно препораките кои што ги имаат од Министерството за здравство.
Денеска голем број граѓани чекаа ред бесплатно да си го проверат своето здравје, а лекарите очекуваат голем интерес и за утрешната акција./А.Д