Ленка и Солидарност, пред фабричката капија, со поддршка за вработените на „ Дрекселмаер“
Движењето за социјална правда „Ленка“ и Левичарското движење „Солидарност“, денска пред капиите на германската компанија „Дрекселамер“во Кавадарци одржаа прес конференција во знак на поддршка на вработените и одбрана на нивните права. Според Здравко Савевски од Левичарското здружение „Солидарност“, државата ги штити интересите на сопствениците додека не води грижа за сопствениот народ а доказ за тоа е големата странска инвестиција „Дрекселмаер“ која го уништува трудот на работникот, оставен на немилост на државата.
„Не е доволно само да се биде вработен она што треба да се направи е да се добие достоинствена плата наместо да се остваруваат екстра профити на сметка на грбот на работникот. Таа пракса мора да се надмине. Ги охрабруваме работниците сами да земат да се организираат и да се борат за своите права.Ако се плашат тогаш ќе тераат само на овој начин ќе бидат експлоатирани ќе бидат нископлатени. Мора да се организираат меѓу себе, да се договорат и да им кажат на газдите дека не можат да прават како што сакаат и да ги експлоатираат колку што сакаат,рече Здравко Савевски од Левичарското движење Солидарност.
Со соопштение до јавноста денеска се огласи и извесно Здружение на невработени „Солидарност и грижа“ чии членови најверојатно поучени од претходни вакви или слични ситуации како што беа контрапротестите веднаш се ставија во одбрана на фабриката и работниците. Во писмената реакција, без потпис и печат, што го испратија до медиумите ги осудуваат обидите за манипулација на јавноста од страна на „Ленка“ и „Солидарност“, нарекувајки ги платеници на Сорос кои имале цел да нанесат штета на политиката на привлекување на странски инвестиции во Македонија.
Од Здружението „Ленка“ ги отфрлија ваквите обвинувања.
„Ние како организации во нашите претходни акции сме ја докажале нашата автентичност и нема што повеќе да се докажуваме во однос на ова. Ние дојдовме тука пред Дрекселмаер да изразиме поддршка кон работниците и да ги охрабриме, да им дадеме до знаење дека не се сами. Сакаме да покажеме дека има Здруженија кои што ги поддржуваат рабвотниците. Се надевам дека нивниот револт ќе продолжи и понатаму а ние сме тука за се што им е потребно,“ рече Хактан Исмаил од Здружението „Ленка“.
Инаку работниците во „Дрекселмаер“ кои работеја за време на велигденските празници денеска не работеа. Од оние кои ги контактиравме дознавме дека празнувале поради празникот на семакедонските просветители односно дека тоа било искористено за местење на клими во производствените хали ./Б.Н.Т