Вработените на „Фени“ донираа за настраданите во Србија
Благодарност до граѓаните на Кавадарци за хуманоста која ја покажаа за време на хуманитарната акција за помош на настраданите во поплавите во Србија и БиХ денеска искажа генералниот секретар на Црвен Крст на Македонија, Саит Саити.
Тој беше предводник на делегацијата на Црвениот крст што денеска беше во посета на комбинатот за производство на фероникел со која оваа хуманитарна организација има успешна соработка. Беа претставени новите хуманитарни проекти за кои беше побарана подршка од комбинатот.
„ Денешната средба во Фени е обид, се она што досега го имавме како го успешна соработка да го унапредиме преку нудење на нови форми за соработка за кои дискутиравме и се согласивме дека и потенцијалите на Фени и на Црвениот крст тоа го дозволуваат“ рече Саити.
Вработените на Фени денешната посета на генералниот секретар на Црвениот крст ја искористија да му предадат хумканитарна помош која се состоеше во облека, постелнина и флаширана вода за настраданите во поплавите.
Заменик генералниот директор , Никола Ризов рече дека својата соработка со Црвениот Крст ја остваруваат како дел од општествената одговорност на компанијата, што всушност била стратешка определба на ФЕНИ Индустри. Ризов смета дека соработката на ФЕНИ со Црвениот Крст е сосема природен избор, ако се земе предвид повеќе од шестдецениското постоење на Црвениот Крст во Македонија, што значи оваа организација ја има најдобрата инфраструктура, средствата што ги одделуваат компаниите за хуманитарни цели секогаш да бидат употребени за она што е најпотребно во моментот и секогаш на вистинска адреса./A.Д