ФОТО: Невреме во Кавадарци
Објавено на 9 јуни, 2014 во 13:19
Петнаесетина минути попладневно во Кавадарци беснееше силно невреме проследено со силен ветер, пороен дожд , град и силни електрични празнења.
За кратко време улиците во градот се претворија во река, а од силниот ветер во центарот на градот летаа и лимени табли од покривна конструкција на зградите.
Дали градот направи штети врз земјоделските култури дополнително ќе се утврдува. Во близина на фабриката „Фени индустри“ дознаваме дека имаше откорнато неколку дрва поради што сообраќајот се одвиваше отежнато. Се работеше на отстранување на дрвјата.