Ребаланс на општинската каса на Кавадарци
Не задоволува полнењето на општинската каса на Кавадарци,во неа се слеале помалку приходи од планираното, констатира опозицијата во кавадаречкиот совет на денешната седница. Тие ги разгледуваа извештајот за извршувањето на буџетот од јануари до март годинава и предложениот ребаланс.
Од почетокот на јануари до 31 март приходите биле реализирани со 19,48% од планираното или во буџетот влегле приходи од 130.661.773 денари од планираните 670.846.000 денари.
Советниците од опозицијата во своите диксуии забележаа дека буџетот е предимензиониран и затоа е слаба неговата реализација.
„Разгледувањето на извештајот за првиот квартал од оваа година е задоцнето. Извештајот ја потврдува мојата констатација дека предизмензиониран буџет неможе да се остварува. Ребалансот го гледам како техничко решение да се купи време“ рече советникот Зоран Бањански.
Градоначалникот Александар Панов рече дека со дел од констатациите на советниците од опозицијата се согласува , но секогаш при планирањето на буџетот поставувал повисока цел за реализација за да може да реализира што повеќе проекти..
„Согласно законот за финансиска дисциплина на општините од наредната година нема да проектираме поголем буџет, туку што пореален. Ние сме една од малите општини кои издвојува средства од буџетот за социјална и здравствена заштита, иако тоа не е наша надлежност, но човечки е да им се помага на засегнатите граѓани“ рече Панов./А.Д