Самоубиство во Кавадарци
Мартин. Д роден 1979 година од Кавадарци вчера на пладне посегнал по својот живот. Фрлајќи се од поткровјето на сопствениот дом тој се здобил со тешки повреди од кои починал.
Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска потврди дека е евидентиран таков случај во полицискиот билтен, а полициска екипа извршила увид.
Веднаш пристигнала екипа на итната медицинска помош, но лекарите неможеле да сторат ништо, само ја констатирале смртта. Биле направени и обиди за реанимација на самото место каде почина момчето, а и во кавадаречката болница, но обидите биле безуспешни.
Од полицијата дознаваме дека телото на момчето било предадено на обдукција, а резултатите од истата ќе треба да ги дадат одговорите за причината поради која ова младо момче посегнало по својот живот.
Бидејќи се работи за самоубиство институциите не соопштуваат повеќе детали за овој случај.