Даниела Миланова од Кавадарци добитник на автомобилот од „Кожувчанка“
Кожувчанка и Синалко денеска заокружија уште една успешно организирана наградна игра. Главната награда автмобил „Тојота“ од „Наградната прогноза“ заврши во Кавадарци.
На автомобилот денеска му се радуваа речиси сите случајни минувачи низ новиот центар на градот, а клучевите од истиот отидоа во рацете на најсреќниот во наградната игра Даниела Миланова од Кавадарци.
За Кожувчанка и Синалко завршува уште една плодна наградна игра, а за следната веќе се крои планот.Од компанијата велат дека покрај Битола и Прилеп како најсреќни до сега, на главната награда со задоволство по втор пат се радува и Кавадарци.
Само осум кодови кои беа зад етикетата испратила среќната Даниела Миланова и станала еден од учесниците во Наградната прогноза на Кожувчанка.Таа сеуште е без положен возачки испит, но тоа е следниот нејзин чекор.
Покрај главната награда автомобил Тојота во текот на целиот процес на играта Кожувчанка и Синалко доделија и низа други вредни награди./A.Д