Опасeн азиски стршлен долета во семеен двор во Кавадарци
Азиски стршлен слета во дворот од семејната куќа на семејството Ничкови во Кавадарци. Тие неколку минути се „бореле“ со опасниот инсект кој убива пчели, а неговиот убод и отров можат да бидат смртоносни и за луѓето.
Ничкови објаснуваат дека го забележале овој опасен инсект по неговото чудно однесување. Се вртел во круг, па застанувал на земја со впечаток дека е зашеметен ова го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз наредени дрва за огрев.
Ничкови раскажаа дека неколку минути неможеле да го отепаат бидејќи, како што рекоа бил како гумен.
„Неколку пати мававме по него но повторно леташе. Во еден момент кога видовме дека е зашеметен успевме да го собериме во пластична кутијка“ раскажуваат Ничкови.
Според нив овој стршлен кој е фатен во нивниот двор се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае.
Експертите објаснуваат дека ваквите појави се резултат на климатските промени кои што ја променија и флората и фауната на овие простори.
„Иако се работи за континент каде што треба да биде доминантна континенталната клима, се почесто во лето сме сведоци на алертни портокалови фази, кога температурата на воздухот е околу 40 степени Целзиусови со висок УВ индекс. Оваа пролет на Балканот доминираа поројни дождови, поплави, коишто продолжуваат и летово, а во мочурливите региони, каде што водата се уште не е исушена, забележано е присуство на поголем број инсекти и глодари“ рече професорот Томе Лисичанец претседател на здружението за заштита на дивата флора и фауна од Кавадарци.
Овој инсект со потекло од Азија може да порасне до 6 сантиметри, многу е опасен и може да предизвика смрт и кај луѓето кои не се алергични на убод од пчели.Станува збор за вид на стршлен портокалова глава и голем црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум.Овој вид стршлен е застапен во подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка.
Азиските стршлени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Летаат со брзна од 60 километри на час и за еден ден може да прелетаат 100 километри. Последните неколку години овој вид инсекти нанеле големи штети на кошниците со пчели ширум Европа.Стршленот може да убие 40 пчели во минута, бидејќи европските пчели за разлика од асизкит пчели немаат методи на заштита. Азиските стршлени напаѓаат во роеви а само со неколку убоди може да предизвикаат прекунување на работата на бурезите, несвестица, пад на притисокот, отежнато дишење и смрт.
Од кавадаречката болница информираа дека за среќа досега никој не побарал лекарска помош поради убод од стршлен.