Шикова највешт и Темкова највозрасен возач во Кавадарци
Дваесет и четити годишната Даница Шикова од Кавадарци денеска го освои првото место на натпреварот во вешто возење органзиран од полицијата за жени возачи, а по повод меѓународниот ден на жената 8 ми март. Таа беше меѓу триесетте жени возачи што пројавија интерес да ги покажат своите возачки вештини на полигон.
Даница е горда на постигнатиот резултат и рече дека ужива додека е зад воланот.
„Положебна сум веќе 5 години и возам секој ден. Воопшто не беше тешко во натпреварот. Потребна е само желба за возење, јас ја имам и уживам додека возам“ рече Шикова.
Второто место го освои Викторија Димова, а трета беше Надица Мустеникова.
Даница Анѓушева беше највозрасен натпреварувач. Таа има зад себе 20 годишно возачко искуство.
„ Пред дваесет години кога полагав беше чудно жена да вози, но сепак тврдам дека жените се многу повнимателни возачи од мажите, нека не се лутат мажите“ беше децидна Анѓушева.
Ваисилка Темкова има 75 години и таа доби посебно признание бидејќи е најстарата жена возач во Кавадарци, според податоците на полицијата. Темкова возачки испит полагала во далечната 1984 година и била меѓу првите генерации жени возачи.
„Сопругот положи пред мене, и јас сакав да возам и се упишав да полагам. Ми беше потребна кола, бидејќи одевме на нива и си работевме. Возев 10 години, па ми ја продолжија возачката дозвола. Па потоа пораснаа децаа и им дадов нив да возат. Возев до 65 годишна возраст, но ми ослабна видот и престанав да возам“ рече Темкова.
Сите учесници на натпреварот добија признанија и скормни подароци од организаторот, а утре возачките способности ќе ги покажат жените од Неготино./А.Д