Со нов асвалт ќе се санира патот Кавадарци-Неготино кај Глишиќ
Нов асвалтен слој ќе добие потегот од новата болница во Кавадарци до Глишиќ особено деловите кои се најмногу општетени. Се работи за интервенција на патот Кавадарци –Неготино кој на поедини места е во катастрофална состојба и веќе подолг период реагираат возачите дека е навистина уметност да се вози по овој пат, да се избегнат дупките, а да не се направи штета на возилото.
„Неодмна имав сотанок со директорот на Агенцијатаз а патишта. Во најкраток временски период ќе почне реконструкцијата на патот Кавадарци-Неготино од новата болница до Глишѓиќ, односно најоштетениот дел ќе биде комплетно реконстгруиран“ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов
Македонија пат во моментов работи на крпење на ударните дупки на улицата „Страшо Пинџур“ кај Ваташа. И општината со свои средства ќе работи на санирање на дупките на градските улици.
„Улицата Страшо Пинџур“ или најошптетениот делк од оваа улица ќе биде предмет на апликација за користење на 260 илјади евра од Светска банка, бидејќи тој дел е во село Ваташа и со донаторски пари се надевам дека ќе успееме да го смениме целиот слој на асфалт. Со Македонија пат и заедно со нашиот изведувач „Изолација“ ќе почнеме со санирање на сите ударни дупки во градот“ рече Панов.