Се санираат речните корита во кавадаречко
Во Кавадарци започна санирањето на речните корита откако истите беа оштетени поради надојдените води од обилните врнежи од дожд. Минатата сабота поради нерегулиран тек на водата, Луда Мара се излеа кај Глишиќ и Марена и причини штети на земјоделските површини.Штети направи и водата што се излеа од Раечка Река.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов најавува дека сите оштетени од поплавите ќе добијат обесштетување, а локалната самоуправа ќе работи на санирање на речните корита за да се обезбеди нормален тек на водата.
„Минатиот пат немавме време да интервенираме на коритотот на реката заради големиот водостој. Коритото беше изместено и сега ова оштетување на шкарпата поридонесе да биде комплетно руинирано и да го доведе во пршање самиот пат. Штетите не се толку големи. Имавме мали интервенции да го исправиме коритото за да при нов доток на вода немаме дополнителни штети“ рече Панов и нагласи дека веќе се расчистени наносите од камења кои водата ги донесе во коритото на реката Луда Мара на градскиот кеј. /А.Д