ФОТО: Еко акција на Тиквешко Езеро
Објавено на 22 април, 2015 во 14:22
Во организација на еколошкото друштво Еко Живот од Кавадарци уечнциите од ООУ “Пере Тошев“ од Росоман, „Тошо Велков Пепето“ и „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, подржани од советот на општината и комапнијата „Кожувчанка“ по повод денот на планетата земја реализираа еколошка акција за расчистување на брегот на Тиквешкото Езеро.
„Со оваа активност најмладите преку дружење ја подигаат еколошката свест. Се одржа и предавање за важноста за грижа за животната средина и борбата против климатските промени и загадувањето“ рече претседателот на ЕКО Живот Роберто Паризов и информира дека на учесниците во акцијата им биле доделени пофалници, а оваа акција ќе биде традиционална по повод денот на планетата Земја./А.Д