Советот на Кавадарци избра командир на полициската станица
Со 11 гласа „за“ и 4 “против“ Борче Мустеников е избран за командир на полициската станица во рамки на денешната 29 седница на советот на општина Кавадарци. Советот одлучуваше по предлогот од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во кој беа содржани тројца кандидати за командир. Покрај Мустеников за командир на кавадаречката полиција беа предложени и Тони Ангелов и Дејан Николов.
Советниците на СДСМ гласаа против предлогот за избор на команидр на полицијата во Кавадарци со образложение дека предлогот, за нив, нема легитимитиет.
„Ќе го игнорираме овој предлог бидејќи Јанкуловска треба да си даде оставка. Нејзиниот предлог нема лигитимитет“ рече советникот Зоран Бањански. Советникот од ГРОМ, Димитар Зарков забележа дека ваквите готови предлози што доаѓаат до советот се штури со по една реченица од биографија на кандидатот./А.Д