Земјоделците од Тиквешијата денеска ќе протестираат
Во периодот од 12 до 13 часот земјоделските производители од Тиквешијата преку протест и блокада на патот Градско – Прилеп кај Росоман ќе го изразат својот револт поради неисплатените субвенции.
Тие велат дека неможат повеќе да го толерираат несериозниот однос на власта бидејќи и понатаму не се исплаќаат ветените субвенции.
„Во нашите домашни буџети ветените пари за субвенции ни се планирани. Започнавме со новата реколта, а државата сеуште ни ги нема исплатено ланските субвенции. Измислуваат најразлични изговори. Има земјоделци кои немаат земено субвенции и за 2015 година. Затоа се решивме да го крениме нашиот глас. Доста ни е од политика и празни ветувања“ велат земјоделците и обвинуваат дека претседателот на „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов наместо да застане во одбрана на земјоделците застапан во одбрана на политичарите и бистрел политика за лични интереси
А.Д
фото: Архива