Ноќеска избувнал пожар во стан во Кавадарци
Објавено на 15 август, 2017 во 09:57
Никој не е повреден во пожарот кој ноќеска околу полноќ избувнал во стан во новиот центар на Кавадарци.
Од противпожарната единица информираа дека интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари. Благодарение на брзата интервенција спречено е ширење на огнот и на останатите станови.
Се работи на утврдување на причините за пожарот и висината на причинетата штета во станот.
Командирот на кавадаречката поротивпожарна единица, Илчо Богевски упати апел граѓаните да бидат внимателни кога на еден штекер приклучуваат повеќе електрични апарати./А.Д