Црквата Света Петка во Кавадарци мета на вандали
Објавено на 20 август, 2018 во 11:53
Вандали изминативе денови ја сквернавеле црквата Света Петка во новиот центар на Кавадарци. Испишале градит на еден од ѕидовите на црквата кои се ѕидани со камен. Исто така ги оштетиле и клупите во дворот.
Кавадарчани се гневни на овој гнасен чин и го осудуваат. Осуда доаѓа и од свештените лица.
„Преку молитва се бара спасение, помош за здравје среќа, а не преку оштетување на цркви“ велат свештениците од храмот Света Петка кој бил мета на вандали.
Пред скоро две години беше оштетен и тревникот во дворот на црквата а случајот беше пријавен во полиција./A.Д