Сообраќајка на патот Кавадарци – Неготино
Објавено на 10 септември, 2018 во 16:51
Две лица се повредени попладнево во тешка сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Неготино. Директно се судриле трактор со приколка полна со грозје и “Опел тигра“.
Поради незгодата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Повредените се пренесени во кавадаречката болница. Според првичните информации се вон животна опасност./А,Д