Нови два кружни тека во Кавадарци
Поголема безбедност, како и непречено движење по градските улици се приоритетите на општина Кавадарци во решавањето на проблемите во сообраќајот.
Тековната реализација на проектот за реновирање на главните сообраќајници во Кавадарци, Општината го користи и за да реши неколку тесни и опасни точки.
Со актуелното санирање на улицата „7 Септември“ на потегот од мостот кај Јаворот па до салата „Партизан“, општината реализира изградба на два кружни тека.
„Новото сообраќајно решение на овие локации, ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен проток на возилата, како и многу побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот“ велат од службата за односи со јавноста при општината и додаваат дека во следниот период е планирана изградба на уште неколку слични кружни текови на тесните грла низ градските улици.
А.Д