Јанчев даде отчет за сработеното пред кавадарчани (видео)
„Реализирани се бројни капитални за подобрување на условите за живот во Кавадарци“ рече меѓу другото денеска градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев кој даде отчет за првата година од вториот градоначалнички мандат.
Се осврна на сработеното, а најави и нови проекти кои ќе го менуваат ликот на Кавадарци во наредниот период. Нагласи дека под еднакво се опфатени урбаните и месните заедници.
Се заблагодари за соработката на сите раководители на општинските сектори и на граѓаните.
„Вашата поддршка за втор мандат за градоначалник, за мене значи соочување со уште поголеми предизвици за брзо реализирање на сите планирани проекти. Предизборната програма почна да се планира, но и да се реализира од првиот ден од новиот мандат. По измината една година заедно со моите соработници, но и со Вас, сведоци сме на голем број реализирани проекти“ рече Јанчев и нагласи дека можеби звучи нескромно, но, Кавадарци за него е и секогаш ќе биде на прво место.
„Кавадарци веќе одамна отскокнува од другите општини во инфраструктурата, економскиот развој, туристичката понуда, но и стана општина во која се живее безбедно и квалитетно“ додаде Јанчев.
Ангел Данов