Партијата нa обединети пензионери и граѓани на Македонија со разгранок и во Кавадарци
Илија Браов е едногласно избран за претседател на општинската органзиација на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија во Кавадарци.
Синоќа на основачкото собрание беа избрани и останитет органи и тела на партијата. Како што беше речено на основачкото собрание, основната цел на партијата е да се интегрира во парламентот, владата, советите на општините, управните органи на јавните претпријатија.
„Партијата интегрира големо искуство на возрасните лица и креативна енергија на младите. Со тоа оваа партија со забрзани чекори станува идеолошка и политичка сила за задоволување на виталните интереси на сите граѓани во државата.“ рече меѓу другото во своето обраќање пред членовите и симпатизерите, претседателот на партијата, пензионираниот генерал Илија Николовски.
Тој нагласи дека партијата која што ја води ќе се залага за нов закон за пензионерите со кои поправично ќе се утврдува износот на пензијата. Исто така нивна цел е пензиите да се зголемувале со зголемувањето на животните трошоци./А.Д