Полицијата има осомничен за убиството на Дејан Д од Кавадарци
– Има приведено лице за кое полицијата се сомнева дека го претепал триесет и две годишниот Дејан Д од Кавадарци. Во моментов во полициската станица се врши распит. Подоцна во текот на денот СВР Велес ќе излезе со официјална информација, рече за Дума.мк портпаролката Анита Стојковска.
Полицијата го расветлува убиството на Дејан Д кое се случи лани, на 30 декември. Тогаш кавадарчанецот бил нападнат од засега непознат сторител, кога се враќал од метадонска терапија, токму во влезот на зградата во која живеел. Подоцна во подрумот телото на претепаниот Дејан го пронашол неговиот брат. Тој повикал брза помош и се обидел да му помогне на брат му. Дејан бил префрлен во болницата во Кавадарци каде и покрај обидите на лекарите да му го спасат животот, момчето починало како последица на повредите што ги добило од ќотекот./A.Д