Препукувањата помеѓу СДСМ и локалната власт во Кавадарци продолжија и денеска
Темата на која разменуваат свои ставови и по некој навреда е за платените комуналии на дел од кавадарчани пред неколку години со преддоговори.Денеска на изнесените обвинувања од секретарот на општина Кавадарци, Ќире Делов одговори претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Ѓорѓиев.
„Всушност, со самата реакција и начинот на кој истапија наспроти многу концизниот и јасен прес со кој ја потенциравме состојбата на кавадарчани во врска со комуналиите кои се принудени да ги плаќаат два пати, станува совршено јасна нивната вознемиреност и немање на издржани аргументи со кои би се иземале од ваквото нечовечко постапување спрема сопстените сограѓани. Младиот и неупатен говорник на ДПМНЕ зборува за ветер и магла, фрлање прашина… а паралелно потврдува дека кавадарчани навистина платиле авансен износ на комуналии, потврдува дека тие пари влегле во буџетот и дека денес повторно општината им бара пари по истиот основ. Што се однесува до првостепените пресуди, младото момче или нема елементарно познавање од правото, или пак по примерот на своите челници, знаејќи дека постојат и други инстанци се до правосилна и извршна судска пресуда, а свесен дека на крајот власта без разлика на исходот секако ќе си постапи како што сака, па затоа уште од сега заклучува случајот е завршен.“ рече Ѓорѓиев и постави неколку прашања до локалната власт во Кавадарци.
„Ако навистина ете ние од СДСМ сме лажните светци како што не нарече младото момче, а тие чесните домаќини, тогаш зошто така чесно не ги вратат авансно уплатените средства и да ги обештетат кавадарцани, бидејќи тие пари влегле во буџетот од кој тие,… „чесните„ ….трошат милиони само за пенкалца и пијалак! И зошто, доколку граѓаните биле жртви на измама, надлежните не покренат соодветна постапка за сторителот да биде соодветно санкциониран, a сите знаеме дека власта е во рацете на ДПМНЕ? Зошто, владеачката гарнитура пет години молчеше и си ги трошеше овие пари на граѓаните, за сега да тврди дека крива е некоја претходна гарнитура што ги прибавила, а самите тие располагале со истите бидејќи станува збор за пари кои влегле во буџетот на општината?“ праша Ѓорѓиев и нагласи дека сето тоа било искривување на фактите и сеење магла.
Според СДСМ Кавадарци, одговорниот и повиканиот во оваа тема, градоначалникот Александар Панов немал смелост да даде одговор, па поради тоа прес конференции држеле “некои млади наивчини тотално неупатени, но добро инструирани полтрони.“/ A.Д