Промена на режимот на сообраќај по улицата „Први Мај“ во Кавадарци

Објавено на 18 декември, 2013 во 11:21

Поради изведување на градежни работи за изградба на катната гаража кои започнаа од вчера се врши промена на одвивање на режимот на сообраќај  по улицата „Први Мај“.

Како што информираат од Локалната Самоуправа,   улцата ќе биде затворена за сообраќај секој работен ден во периодот од 07.30 до 16.00, и во Сабота од 07.30 до 15.00 часот, во правец од улица„ 7-ми Септември“ кон улица „Браќа  Хаџи-Тефови“ и обратно.

Ваквата времена измена на режимот на сообраќај на улицата  ќе биде во сила се до завршувањето на градежните работи.  Исто така се информираат граѓаните кои што живееат на ова улица да не ги паркираат своите возила како би можело непречено да се изведуваат градежните активности.

Додека се извршуваат градежните работи, од страна на изведувачот ќе биде поставена  соодветна сообраќајна сигнализација која учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.