Во Кавадарци почина триесетгодишен маж од ќотек
Објавено на 30 декември, 2013 во 14:44
Со повреди по телото и во многу лоша здравствена состојба бил триесетгодишникот за кого била повикана да интервенира кавадаречката Брза помош. Во домот во Ваташа на улицата „Страшо Пинџур“ го затекнале претепан. Му укажале прва помош и веднаш го префрлиле во општата Болница. И покрај интервенцијата на лекарите лицето за кратко време починало.
Oд болницата потврдија дека примиле пациент на кој се обиделе да му го спасат животот. Екипа и јавен обвинител од Кавадарци прават увид. Неофицијално дознаваме дека Д.Д бил регистриран нарко зависник и најверојатно со траги на насилство се здобил во физички напад./А.Д