Малолетно девојче каснато од куче во Велес
Објавено на 22 јануари, 2024 во 11:33
Сектор за внатрешни работи Велес преку дневниот билтен соопшти дека вчра, на 21 јануари, во 16:00 часот, триесет и осум годишниот велешанец И.З, во Полициска станица Велес пријавил дека на улица „Стојан Бурчевски Буридан“ неговата малолетна ќерка била касната од куче.
Како што соопшти портпаролката на велешка полиција, Биљана Ѓаковска, според кажувањето на велешанецот И.З, кучето коешто ја каснало неговата ќерка било во сопственост на Љ.К од Велес.
Дума.мк