55 нови ковид позитивни во Тиквешко, три медицински лица меѓу новозаразените
Објавено на 30 ноември, 2020 во 12:55
30.11.2020
Нови 55 новозаразени со Ковид – 19 во Тиквешло, регистрира Центарот за Јавно здравје Кавадарци,согласно резултатите кои се пристигнати до 12 часот. Од нив 30 лица се од Кавадарци, во Неготино се регистрирани 18 нови случаи на коронавирусот, во Демир Капија тројца, и четири случаи во Росоман.
Лицата се на возраст од осум до 75 години, а помеѓу новоинфицираните има тројца здравствени работници од Кавадарци, информира епидемиолог д-р. Ристе Јовановски.
Од почетокот на пандемијата во Кавадарци се инфицираа 1.281 лице, а активни се 530 случаи. Во Неготино пак, се инфицираа 605 лица, а активни се 343 случаи. Инфицираните од Росоман се водат под Општина Кавадарци, а од Демир Капија под Општина Неготино.
Мите Јаначков