Физички напад во Неготино, пожар во викендица во Моклиште, 54 лица казнети за неносење заштитна маска на подрачјето на СВР -Велес

Објавено на 2 декември, 2020 во 11:36

policija

02.12.2020

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Неготино, В.П.(58) од Неготино пријавил дека околу 17.15 часот бил физички нападнат од М.П(35). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2020 околу 00.15 часот во Полициската станица во Кавадарци е пријавено дека настанал пожар во викенд куќа во близина на с.Моклиште, сопственост на Р.Ј.(41) од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, а повредени лица нема. Бил извршен увид на местото на настанот.

Во изминатото деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 54 лица, и тоа, 28 во Велес, 13 во Кавадарци и 13 во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, информира Верољуб Додевски, портпарол при СВР – Велес.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.