Распределена донацијата од 8000 заштитни маски до институции и граѓани на Општина Неготино
11.12.2020
Општина Неготино информира дека во текот на вчерашниот ден е извршена распределба на претходно донираните 8000 заштитни маски.
Имено, станува збор за донација од фирмата „ Зока Енерџи Солушн ДООЕЛ “ Неготино која донираше маски за заштита од ширењето на пандемијата со Ковид – 19 во Општина Неготино.
2000 заштитни маски беа доделени на граѓани на Општина Неготино, додека останатите беа распределени на следниве јавни институции:
– 2000 заштитни маски на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино
– 1000 маски за локална самоуправа
– 1000 маски на ЈП „ Комуналец “ Неготино
– 500 маски на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
– 250 маски на Музеј на град Неготино
– 250 маски на Центар за социјални работи Неготино
– 250 маски на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
– 250 маски на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино
– 250 маски на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
– 250 маски на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
Мите Јаначков