Едно лице физички нападнато од својот раководител во Неготино
Објавено на 28 септември, 2021 во 10:28
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/09/negotino-bulevar-logo-2.jpg)
Во кругот на фирма во Неготино, четириесет и четири годишниот Н.В од Радовиш, по кратка расправија, бил физички нападнат од раководителот и уште неколку лица. Тепачката била пријавена во полициска станица Неготино во текот на вчерашниот ден, 27 септември, околу 20:00 часот.
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)