Нови канделабри и жардињери на главната сообраќајница во Велес
Објавено: 10 мај, 2023, во 12:25 часот
Во должина од 50 метри на главната улица „Благој Ѓорев“ поставена се нови канделарби, жардињери и огради. Нив ги постави јавното комунално претпријатие „Дервен“ со цел да му даде поинаков урбан лик на овој дел од улицата што се простира спроти паркот на „Гимназија“ и на тротоарот под кафетериите.

Декоративните елементи и канделабрите се мал проект на ЈКП „Дервен“ и Општина Велес.
Дума.мк


