Од река Вардар изваден велешанец

Објавено на 2 мај, 2023 во 10:41

Од водите на река Вардар вчера, доцна попладне, околу 19:00 часот изваден бил велешанецот  четириесет и две годишнит М.Д. Него најверојатно го извадиле граѓани кои потоа во два наврати барале помош од Итна медицинска помош и случајот го пријавиле во СВР Велес.

Четириесет и две годишниот маж бил изваден од Вардар во близина на „Јаниташ“ . По преглед на лекарите од Брза помош тој бил пренесен во Општа болница Велес и згрижен на хирушкото одделение.

-Неговата здравствена состојба е стабилизирана откако вчера, тој бил примен на Интензивна нега на Хирушко одделение. Примен во премрзната состојба. Денеска е со стабилни витални параметри и контактибилен, рече д-р Елена Левкова Ќулумова.

Тој ќе остане на болничко лекување и во наредните денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.