Одбележан денот на пожарникарите во Велес (фото)

Објавено на 20 мај, 2022 во 13:51
Фото: дечињата од детската градинка заедно со пожарникарите.

Со две показни вежби за самоспасување на пожарникарите како и за начинот на дејствување при пожар во зграда денеска во дворот на Територијалната противпожарна едница во Велес беше одбележан 20 мај, денот на пожарникарите. Преку првата вежба седум пожарникари покажаа како се качуваат во колеткивна зграда во којашто при пожар не може да се влезе преку главниот влез. Тие ги користеа скалите кукачи со цел да влезат од спрат во спрат и доколку увидат дека опасноста од пожарот не може да се совлада, со ортома за самоспасување се симнуваат.

Фото: Показна вежба број 1
Фото: Показна вежба број 1

Втората вежба ја изведоа пет пожарникари од велешката пожарна и го покажаа начинот на дејствување при пожар, односно постилање на линијата и качување до први спрат од колективна зграда. Во оваа вежба главен и одговорен е командирот којшто треба да процени како треба да се дејствува а потоа и возачот којшто мора од возилото до делницата да донесе вода.

Фото: Показна вежба број 2
Фото: Показна вежба број 2
Фото: Показна вежба број 2

Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев им додели благодарница на пожарникарите и рече дека голем дел од работите во Територијалната противпожарна единица во Велес се подобрени но дека во наредниот период ќе продолжат да соработуваат.

Фото: Градоаначник на Општина Велес Марко Колев

-Со мене секогаш ќе имате партнер, соработник како и чесен и искрен однос се со цел да ја вратиме довербата помеѓу општината, пожарникарите како и довербата на граѓаните кон оваа институција, додаде Колев.

Фото: Градоначалникот Марко Колев со командирот на ТТПЕ Љупло Лепидовски

Командирот на територијалната противпожарна единица во Велес Љупчо Лепидовски рече дека пожарникарите и во најтешките моменти при интервенција на секој вид на елементарна непогода се најхрабри.

Фото: Командир на ТТПЕ Љупчо Лепидовски

-Пожарникарите ги жртвуваат своите животи со цел да ги спасат животите на граѓаните и нивните материјални добра. Ние пожарникарите имаме една изрека, безбеден град – сигурни граѓани – успешна општина. Да имаме повеќе опрема, помлад кадар, да имаме обуки за пожарникари и помалку интервенции, додаде Лепидовски.

За време на настанот Лепидовски додели плакети за успешна соработка на градоначалникот Колев како и на класната Катерина Стојадиновиќ од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ коешто има добиное сертификат за обука на професионалци пожарникари.

Фото: Градоначалникот Марко Колев со командирот на ТТПЕ Љупло Лепидовски
Фото: Катерина Стојадиновиќ со командирот на ТТПЕ Љупло Лепидовски

Денеска особено внимание за оваа многу значајна професија за безбедноста во градот покажаа дечињата од детската градинка „Димче Мирчев“ којшто беа посебно возбудени што имаа можност да влезат во возилата на ТТПЕ.

Фото: дечињата од детската градинка „Димче Мирчев“
Фото: дечињата од детската градинка „Димче Мирчев“
Фото: дечињата од детската градинка заедно со пожарникарите.

Тие исто така испеаа и две песнички со што дополнително го разубавеа одбележувањето на денот на пожарникарите.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.