Приведен велешанец кој носел 110 илјади евра
Објавено на 7 септември, 2022 во 15:47
Триесет илјади евра и 5.200.000 денари биле пронајдени во автомобил „мерцедес“ којшто го управувал педесет и две годишниот М.Н од Велес. Полициски службеници на патот Македонски Брод – Прилеп кај местото викано „Суводолска крстосница“ го запреле возилото со велешки регистарски ознаки и при проверка ги пронашле банкнотите за коишто велешанецот немал никаква потврда.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека лицето било лишено од слобода, вчера, во 12:12 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева