Повторно казнети пешаци на подрачјето на СВР Велес

Објавено на 1 март, 2022 во 10:01

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, била спроведена четиричасовна акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот.

-Од 14:00 до 18:00 часот биле констатирани и санкционирани 18 прекршоци од кои седум во Велес, девет во Кавадарци и двајца во Неготино, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Оттаму апелираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.