Пожар и се заканил на фарма во кавадаречко, го изгаснале пожарникарите
Објавено на 17 март, 2025 во 14:03

Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 14:30 часот, било пријавено дека во село Сопот, кавадаречко, во близина на фарма, настанал пожар на сува трева и ниско стеблеста шума, којшто се проширил и зафатил ограда на фармата.
-Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк
