Пожар во Кавадарци, изгоре помошен објект на берберница
Објавено на 9 јули, 2021 во 10:00
Пожарот во занаетчиската работилница во Кавадарци избувнал рано утрово околу 4.40 часот. Освен помошниот објект опожарена е и берберницата. Нема повредени граѓани.
Интервенирале пожарникарите. На лице место, седум пожарникари со три возила, стигнале многу брзо. Брзата интервенција спречила огнот да се прошири на околните објекти.
Изминатата ноќ кавадаречките пожарникари имале уште една интервенција. Од ТППЕ во Кавадарци апелираат на голема внимателност и претпазливост во период на високи температури.
Убавка Јаневска