Приведен Неготинец за превоз на опожарени огревни дрва без дозвола
Објавено на 24 октомври, 2024 во 17:21
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера попладне, во 17: 30 часот, го лишиле од слобода Т.М.(50) од село Пепелиште, неготинско. На пат во атар на село Пештерница,неготинско,полициски службеници извршиле контрола во трактор „ИМТ“ со приколка,управуван од Т.М., при што било утврдено дека превезува опожарени огревни дрва без документација.
-Лицето било приведено во полициска станица, предметите биле одземени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска