Санкциониран возач кој возел со 211 км/час на автопатот Велес – Неготино
Објавено на 12 јануари, 2024 во 11:47

Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од Сектор за внатрешни работи Велес, денеска, на 12 јануари, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на Автопатот „Пријателство“ во патен правец Велес – Неготино, санкционирале возач кој управувал патничко возило со 211 км/час на место кадешто брзината е ограничена на 120 км/час.
Покрај оваа казна, биле изречени и други мерки за возење со поголема брзина од дозволената.
Дума.мк
