Средниошколци од Шпанија гости на Кавадарци (видео)
Кавадарци и СППМД седум дена се домаќини на десетмина млади од Барселона- Шпанија, кои заедно со своите двајца лидери, преку програмата Еразмус + се на размена со млади од Кавадарци. Гостите се запознаваат со традицијата, историјата и културата на Кавадарци, а истовремено се дружат со младите од општина Кавадарци. Денеска беа во посета на општина Кавадарци, а во наредните денови ќе посетат и други градови во земјава.
Средношколците од Шпанија разговараа со градоначалникот Митко Јанчев кој ги запозна со личната карта на општината, а доби и прашања за политиките на општината кон младите. Од страна на градоначалникот им беше потенцирано дека општината го практицира волонтерството често и во многу области, споменувајќи и неколку проекти на кои се работи со Младинскиот центар, кој функционира одлично. Воедно ги информираше дека има волонтери кои најпрво доаѓаат да волонтираат па одлучуваат да останат во Кавадарци.
Кати Моралес доаѓа од средно училиште во Барселона. Рече дека е задоволна од пружената прилика да се запознае со нејзини врсници од Македонија, но и со градот каде престојува.
Ангел Данов