(ВИДЕО) Светиниколчанец годинава на Богојавление го фати крстот во македонската црква во Виена
Дваесет и осум годишниот Кире Гигов беше годинава најсрекен од шестмината Македонци кои скокнаа во базенот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски„ во Виена на големиот христијански празник Водици. Тој е роден во Свети Николе и скоро една деценија живее и работи во главниот град на Австрија.
Тој го фати крстот и беше неизмерно среќен што се исполни одамна посакуваната желба да биде еден од граѓаните во чии раце ќе заврши светиот крст. Сега Кире и неговата сопруга Бојана, очекуваат здравје и лична среќа да ги пратат во претстојната година нив и штотуку создадениот дом во Виена. Младиот брачен пар Гигови се многу радосни и среќни поради тоа што им се случи и имаат своја желба која очекуваат да им се исполни токму годинава со милост на Господ Исус Христос.
Инаку на годинешниот чин на Водосвет и фрлање на крстот во Виена учествуваа најголем број на Македонци. Во базенот освен Кире, се фрлија и Александар Митановски, Стефан Маркоски, Борис Киселоски Љупчо Љускоски и Борис Стефаноски.
На свечениот чин, со кој чиноначалствуваше свештеникот Валентин Ташковски, присуствуваа над стотина Македонци, на привремена работа во Виена, како и Амбасадорот на Република Македонија во Австрија, проф. д-р Ѓорѓи Филипов.
Претходно во црквата „Свети Наум Охридски“ беше служена богослужба во чест на празникот Богојавление.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=CjC0t5QSokM{/youtube}