Тешко повреденa велешанка откако била удрена од автомобил
Педесет годишната К.Д се здобила со тешки телесни повреди откако вчера, била удрена од автомобил на улицата „Наум Наумовски“, поточно во близина кај зградата на ЕВН во Велес. Таа не поминувала на обележан пешачки премин. Со Итна медицинска помош била пренесена во ЈЗУ Општа болница Велес кадешто по извршените прегледи на Хирушко Одделение и биле констатирани тешки телесни повреди.
-Пациентката се здобила со скршеница на надлактица како и отворена рана на главата. По затворањето на раната и направените прегледи од страна на лекарите, жената е пуштена на домашно лекување по нејзино барање, рече портпаролката на велешка болница др Елена Левкова Ќулумова.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки било управувано од триесет и две годишниот М.Е од Велес. Незгодата се случила вчера, 10 јануари, во 15:35 часот .
По овластување на Јавен обвинител увид на месотот на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Стефани Манева