Угаснат пожарот на катот од запалената куќа во Велес

Објавено на 2 февруари, 2023 во 10:29

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица во Велес, угаснат е пожарот на катот од куќата што утрово околу 07:45 часот избувна и зафати дел од просториите и покривот. Со две против пожарни возила, пожарникарите интервенираа и за краток временски период успеаа да го стават под контрола а подоцна и целосно да го изгасат пожарот.

-Брзо интервениравме и во три наврати направивме дотур на вода. На лице место се дел од пожарникарите кои помагаат при расчистувањето и го контролираат запалениот дел од катот на семејната куќа, рече командирот на ТТПЕ Велес, Димче Јованоски.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), станува збор за направена голема материјална штета и нема повредени членови на семејството. Во пожарот изгорени се дел од просториите и покривот на куќата на хуманитарката Ленче Здравкин на улица „Димче Мирчев“. Дополнително ќе се утврдува точната сума на направената штета.

Инаку, куќата е на локација од густо населен дел од градот и според изјави на соседите до нивните семејни домови има куќи коишто се во руинирана состојба а во нив никој не живее. Според изјави, на овие загрижени граѓани, тие се плашат дека токму овие градби можат да им предизвикаат дополнителни проблеми па затоа бараат надлежните да интервенираат кај сопствениците.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.