Уникатна фотографија на Македонци за која само се знае дека потекнува од Велес или велешко
Истражувајќи по документи и фотографии за нашиот македонски идентитет пронајдовме уште една стара фотографија. Како што Дума.мк дознава фотографијата е од 1902 година. За жал освен годината кога е направена оваа фотографија други податоци не можевме да обезбедиме. Поточно, кога и каде е направена оваа фотографија, со сигурност не можеше да потврди ниту Марин Клифов, од Народниот музеј Велес. Фотофрафијата е дел од ризницата на документи на музејот.
На фотографијата се фотографирани вкупно 27 личности од кои два попа, пет мажи, десет жени, девет женски деца и две бебиња. Едно од бебињата е во рацете на најстариот маж додека второто во скутот на една од фотографираните жени.
И покрај истражувањето Дума.мк не успеаа да го дознае идентитетот на ниту еден од фотографираните личности, во кој дел на Велес или велешко е направена. Она што единствено е познато е дека станува збор за Македонци облечени во народна носија.
Затоа би сакале да ги мотивираме читатели на порталот Дума.мк да бидат наши соработници. Доколку тие препознаат некој од своите предци да ни пишат на емаил адресите [email protected] или [email protected].
Стоилко Андреевски