ГДОМ: На Македонија и треба силна и патриотска опозиција
Граѓаните кои вечерва се собраа да го поддржат Граѓанското движење за одбрана на Македонија, со едноминутно молчење му оддадоа почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Говорникот Благој Каракачанов рече дека опозицијата претставува тежок камен околу вратот на Македонија и не и дава да направи чекор напред . За разлика од оваа на Македонија и е потребна силна и патриотска опозиција, додаде Каракачанов.
„Во секој момент кога мислевме еве ќе тргне работата и ќе направиме чекор напред, веднаш се соочуваме со опструкција. Тоа не е опозиција, туку опозиција која не си ја сака државата. Ја слабее внатрешно државата само со цел да дојде на власт“, рече Каракачанов.
Пред насобраната толпа се обрати и раководителот на подрачното одделение на Државниот архив во Велес, Слободан Ников. И тој зборуваше водухот на идеологот на македонската револуција Гоце Делчев.
„За време на својот живот Гоце Делчев имаше една добра мисла дека светот го познава како поле за културни натпревари. Но исто така имаше и друга мисла која се однесува на нас македонците кои никако да се солободиме од една навика меѓусебе да си нанесуваме штета. А тоа е неговата мисла дека не познавам друг народ кој повеќе страда од своите отколку од другите народи“, рече Ников.
Протестот на ГДОМ се одржа пред споменикот на Кочо Рацин во центарот на градот и пред просториите на О.К. на ВМРО ДПМНЕ./Д.С