На Баскерфест синоќа акробати ги забавуваа велешани!
На сцената во амфитеатарот на Младински парк група акробати, синоќа, еден час изведуваа акробации на кои се воодушевуваше публиката.
Децата ги запоседнаа скалите и уживаа во точките на акробатите. Настапот беше интерактивен па така се создаваше метеж на сцената кога се вршеше избор кој доброволец од публиката да биде избран за учесник во точката што треба да се изведе. На крајот децата беа тие кои пуштаа пари во шеширите на акробатите како награда за преставата која ја изведоа.
Во уличниот театар уживаа децата и возрасните кој беше изведен веднаш до фонтаната во паркот. Интересни за присутните беа и двајца забавувачи кои жонглираа.
Забавата во Младински парк продолжува и вечерва.Забавувачите таму велешани ќе ги чекаат во периодот од 20 до 24 часот./Б.Н