Велешанец, качен на покрив на куќа, бркал полицајци со керамиди!
Објавено на 23 јуни, 2013 во 13:21
Драма се случила вчера на улицата „Љубен Весов“, околу 15 и 20 часот, кога таму на барање на сосед полицијата интервенирала над 29-годишниот Т.Б.
Откако бил пријавен во полиција за насилно однесување и физички напад над сопругата тој се качил на покривот од куќата.
Таму го пронашле полицајците на кои кога стигнале им се заканувал со секира доколку му се приближат за потоа бидејќи во рацете држел запалка „зипо“ да почне да вика дека ќе се самозапали. Но не го сторил ни едното ни другото туку во еден момент Т.Б почнал врз полицајците да фрла со керамиди.
Дваесет и девет годишниот маж бил под дејство на алкохол и се однесувал насилно
кога физички ја нападнал и сопругата./Б.Н