Велешани вечерва на хуманитарен концерт за Маја!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 17:07
На градскиот базен Снупи вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт на кој ќе настапат повеќе македонски поп звезди, групи како и диџеи.
Велешани ќе имаат можност да ги слушаат Биба Додева, Нокаут, Мики Секуловски, Ноне Неделковска, Тони Зен, Некст тајм, Рик Фокс, Аднан, Елена Петрушевска, Даре, Орхидеа Дукова, Виртус, Давид Нешковски трио и познати диџеи.
Со влезница од 50 денари граѓаните ќе дадат личен придонес во обидот на Маја Керова да ги собере потребните сретства за лекување во Америка.
Концертот започнува во 20 часот во организација на ЦД Радио и со наслов „Со љубов за Маја“.
/Б.Н