Сите осмооделенци запишани а клупите сеуште полупразни!
Се запишаа сите 529 завршени осмооделенци а во Велес во четирите средни училишта има уште 488 слободни места. Во учебната 2013/14 година во гимназијата, хемиското, економско и средно стручно училиште Коле Неделковски ќе учат и 71 ученик од соседните општини Градско, Лозово и Чашка.
Слободните места сепак преставуваат проблем за училиштата во градот бидејќи тие треба да се пополнат со ученици. Така ќе се реализира обврската од формирање на 33 паралелки што државата им ја пропишала на средните училишта.
Сега приоритетно прашање кое си го поставуваат директорите на училиштата е дали во нив ќе се запишат ученици од Вардарскиот регион.
Статистиката по завршениот прв дел на првиот уписен рок покажува дека во хемиското Димитрија Чуповски се запишале 145 осмооделенци. Таму најголем интерес има за здравствените насоки. Пополнета е паралелката за медицински сестри, има осум слободни места за фармацевти и 24 за физиотерапевти.
Во средното економско училиште Јовче Тесличков запишани се 105 осмооделенци со најголем интерес за насоката деловен секретар.
Гимназијата во прва година ќе учат 169 ученици а во средното стручно Коле Неделковски се запишале 181 ученик./Б.Н